Настани

На 13ти декември, со почеток во 19 часот, во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, се одржа годишната манифестација на МАФ, за време на која беа прогласени најуспешните алпинисти за 2017 година.

Македонската Алпинистичка Федерација, на 6ти октомври 2017 година, организираше презентација и дружење со еден од најголемите светски алпинисти на сите времиња, припадник на златното доба на Словенечкиот алпинизам - Силво Каро! 

Со големо задоволство го објавуваме потпишаното партнерство помеѓу Македонската алпинистичка федерација (МАФ) и Амбасадата на Р. Полска, во проектот за поставување на планинско засолниште на планината Јакупица, под карпестиот амфитеатар на Солунска Глава.

Во изминатите 12 години, македонските алпинисти имаа реализирано 8 акции во Доломитите, во кои имаа учествувано 16 алпинисти и кои реализираа 26 искачувања на насоки со тежини од IV до VII-. Оваа година, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, се продолжи присуството на нашите спортисти во овие планини, кои се докажани светски алпинистички локалитети и насоки. Тимот кој замина се состоеше од 8 члена, од кои 4 беа прв пат во овие планини и беа реализирани следните искачувања:

Почитувани посетители, Ве известуваме дека поради промена на изгледот на сајтот на Македонската Алпинистичка Федерација, во моментов е објавена само кратка содржина со дел од последните активности.


По пријавувањето од страна на неколку наши членови, дека во делот во третата должина на алпинистичката насока „Циго“, каде што веќе се имаше случено одрон, е приметено постоење на поголеми лабави блокови кои претставуваат голема опасност за алпинистите при искачувањата, но и за посетителите на Матка кои од езерото се движат по патеката кон манастирот Св. Никола, денес беше организирана акција за проверка на теренот и чистење на дел од постоечките опасности.

Во текот на изминатиот викенд (13/14 мај), на Матка се одржа традиционалниот Меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“. 

Во текот на викендов, Македонската Алпинистичка Федерација, организираше алпинистички собир на локалитетот покрај Демир Капија, во рамките на Аутдор Фестивалот во овој град.

За време на викендот на Матка се одржа алпинистички собир со тематски содржини од областа на “летниот алпинизам“.

Традиционалниот зимски алпинистички собир во организација на Македонската алпинистичка федерација, оваа година се одржа од 16 до 19 Февруари на планината Галичица, поточно во регионот на врвот Магаро. На собирот учествува алпинисти од клубовите АК Матка, АК Патагонија, АК Осум и АК Плоча.

Како и во изминатите години, Агенцијата за млади и спорт, по доставувањето на ранг листата од страна на Македонската Алпинистичка Федерација, помеѓу добитниците на стипендиите „Спортска надеж“ за оваа година, вклучи и млади и надежни алпинисти.

Во текот на викендов, членови на Алпинистички клуб Матка и Алпинистички Клуб 8 - двата од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација. 
Дел од испитот, покрај претставувањето на дел од техниките за качување и обезбедување, беа и техниките за спасување. 

Претседателот на Македонската алпинистичка федерација, Игор Талевски, деновиве присуствува на биеналната меѓународна работилница за снежна наука, која оваа година се одржува во Брекенриџ, САД. 

На 29ти јуни 2016 г., Претседателот на Македонската Алпинистичка Федерација, Игор Талевски, присуствуваше на тематската расправа иницирана од Агенцијата за млади спорт на Република Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Институт за научна поддршка на спортот, со наслов:  „Стручните кадри во спортот – потреба и обврска“.

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.