Настани
На 29ти јуни 2016 г., Претседателот на Македонската Алпинистичка Федерација, Игор Талевски, присуствуваше на тематската расправа иницирана од Агенцијата за млади спорт на Република Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Институт за научна поддршка на спортот, со наслов:  „Стручните кадри во спортот – потреба и обврска“.
Тематстката расправа, која се одржа во амфитеатарот на ФФО, ја отвори Директорот на АМС, Марјан Спасески, кој го пренесе почитувањето на Агенцијата на самостојноста на националните спортски федерации, но притоа побара и почитување на националната легислатива за дејноста спорт. Деканот на ФФОСЗ, Проф. д-р Вујица Живковиќ пак истакна дека на оваа расправа гледа како многу значаен момент за факултетот, бидејќи претставува можност за директен контакт со сите федерации и размена на искуства од работењето. Свои обраќања пред претставниците на федерациите имаа и Д-р сц. Томислав Андоновски - Раководител на Институтот за научна поддршка на спортот – ФФОСЗ; Александар Пујовски – државен советник при АМС и Проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска – продекан на ФФОСЗ.
Присутните  слушнаа излагања и разговараа за поддршката која АМС ја дава за доспецијализација на тренерите во странство и охрабрувањето кое го дава за нивно аплицирање, за значењето на стручните кадри (не само тренери, туку и лекари, менаџмент, психолози, судии итн) – кои се мотор на федерациите и начинот на нивна едукација, избор и со тоа што побрз развој и резултати, за отвореноста за комуникација и поддршка на федерациите и од страна на Македонскиот олимписки комитет, искажана од спортскиот директор на оваа организација, Владимир Богоевски итн. 
Расправата дефинитивно помина во пријатна атмосфера, која се одликуваше со подготвеност за примање сугестии за подобрување на работењето на федерациите и нивна отвореност кон ФФОСЗ, АМС, МОК, но и меѓусебно советување.
Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.