Настани

Во текот на изминатиот викенд (13/14 мај), на Матка се одржа традиционалниот Меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“. 


Овогодинешниот меморијал, беше посетен од повеќе од 50 членови, претставници на 6 алпинистички клуба при Македонската алпинистичка федерација, кои во текот на двата дена, реализираа повеќе повторувања на алпинистичките насоки во овој локалитет и тоа на: „Борник“, „Отмар“, „Нина“, „Козина“, „Новогодишен“, „Матка лева“, „Матка десна“, „Ветерански“ и „4 клина“ – насоки кои прв пат биле искачени и пред неколку децении од постарите генерации на алпинисти, во чија чест всушност денешните се собираат и оддаваат почит за нивните дела: дружејќи се, качувајќи, подготвувајќи се за други искачувања во текот на оваа година итн.
Покрај тоа, како и во изминатите години, за време на овој собир, во текот на двата дена беше овозможено, на вежбалиштата покрај манастирот Св. Никола, секој посетител кој е заинтересиран да проба да качува на карпа, да го направи тоа, обезбедуван и под инструкции за првите чекори – од страна на нашите членови.
Следен собир следува веднаш во викендот кој доаѓа (19/21 мај), кога за време на Аутдор Фестивалот во Демир Капија, ќе бидат реализирани алпинистички искачувања на насоките во локалитетот во непосредна близина на овој град.
Фотографии: Александар Зарапчиев, Бобан Стојанов, Петар Герасимовски, Игор Талевски

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.