Настани

Во текот на викендов, Македонската Алпинистичка Федерација, организираше алпинистички собир на локалитетот покрај Демир Капија, во рамките на Аутдор Фестивалот во овој град.

Во собирот учествуваа повеќе наши членови од 5 алпинистички клуба и беа реализирани искачувања како на кратки насоки, така и на подолги алпинистички насоки, од кои конкретно на „Тулумба“, „Полжав“, „Б2“, „Блажева“, „Гавран“ и „Тријатели“, а беше искачена и нова насока за која ќе бидат дополнително споделени информации.
Овој собир имаше симболичен натпреварувачки карактер во неколку дисциплини, пред се’ во правец на инспирирање и кревање на нивото на најмладите - надежите во нашите клубови, но и инспирација за поголем учинок и од поискусните. 
Според дисциплините, ова се најуспешните – по 3 во секоја категорија:

А.Во натпреварот „Могли“, преку кој пред се’ се направи обид за инспирација на нови качувачи – деца, да пројават интерес за „вертикалите“, најуспешни во категориите до 7-годишна и до 13-годишна возраст беа:
-до 7-годишна возраст
1.Славе Јовановски
2.Даниел Захарчев
-до 13-годишна возраст
1.Павле Манчев
2.Никола Спасов
3.Бранко Мошев
-девојки
1.Олгица Мелова

Б.Најуспешни алпинистички надежи
1.Стефан Ристов
2.Јосип Мајдиќ
3.Дарко Новоселски

В.Најуспешни наврски
1. Зоран Мајсторски и Стефан Станишков
2.Александар Зарапчиев и Елена Диновска Зарапчиев
3.Игор Талевски и Весна Талевска

Г.Награда за наврската Зоран Мајсторски и Стефан Станишков за нова насока (детали ќе бидат објавени наскоро)

Д.Најуспешен алпинистички клуб на собирот
АК 8 – Скопје

Искажуваме благодарност до сите членови кои присуствуваа на овој собир и покрај променливите временски прогнози.
Наскоро ќе ја објавиме и нашата следна планирана активност.

На фотографијата: Александар Зарапчиев, Елена Диновска Зарапчиев и Хекуран Зекири при повторување на „Тријатели“ (фото: Игор Талевски)

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.