Настани

Во текот на викендов, членови на Алпинистички клуб Матка и Алпинистички Клуб 8 - двата од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација. 
Дел од испитот, покрај претставувањето на дел од техниките за качување и обезбедување, беа и техниките за спасување. 

 

Во текот на оваа недела, ќе се одржи и теоретското полагање, со што ќе се заокружи обуката на дел од членовите од овие клубови и ќе се потврди нивното знаење за звањата „Аспирант за алпинист“ и „Алпинист“.

Комисијата се состои од тројца инструктори по алпинизам: Костантин Циривири, Бобан Стојанов и Игор Талевски

 

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.