Настани

На 13ти декември, со почеток во 19 часот, во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, се одржа годишната манифестација на МАФ, за време на која беа прогласени најуспешните алпинисти за 2017 година.


Исто така, за време на оваа манифестација, низ неколку презентации, беа претставени и последните активности на дел од нашите членови.

Беше вистинско уживање да се слушне за истражувањата на нови локалитети од страна на нашиот член, инструктор по алпинизам, Бобан Стојанов од АК Астрајон - Штип, за турно-ски активностите во Косово, Албанија и Македонија на Методи Чилиманов од АК 8 – Скопје и за можностите за зимски алпинистички искачувања и доградбата на алпинистичкиот дом на Галичица преку презентацијата на Илија Циривири од АК Матка – Скопје и Антонио Додевски од АК Патагонија – Охрид.

А ова се најуспешните за 2017 година:

Најуспешен алпинистички клуб: 
АК Матка – Скопје
Најуспешен алпинист: 
Зоран Мајсторски (АК Плоча – Радовиш)
Најуспешна алпинистка: 
Весна Талевска (АК Шри Чинмој – Скопје)
Најуспешни млади алпинисти:
Тадеј Циривири (АК Матка – Скопје)
Матеј Мајсторски (АК Плоча – Радовиш)
Најуспешна алпинистичка наврска
Илија Циривири (АК Матка) + Мартин Пејоски (АК Патагонија).


***
Потсетување за најуспешните од минатата година - признанијата им беа врачени за време на овогодинешната манифестација:
Најуспешен алпинистички клуб: 
АК Матка – Скопје
Најуспешен алпинист: 
Бобан Стојанов (АК Астрајон – Штип)
Најуспешна алпинистка: 
Маја Мухиќ (АК 8 – Скопје)
Најуспешни млади алпинисти:
Тадеј Циривири (АК Матка – Скопје)
Александар Мајсторски (АК Плоча – Радовиш)
Најуспешна алпинистичка наврска
Илија Циривири / Иван Јакимовски / Крунослав Аџиевски (сите од АК Матка).

На фотографијата: дел од прогласените најуспешни членови на МАФ за 2016 и 2017 година. 
(фото: Александар Зарапчиев)

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.