Настани

Со големо задоволство го објавуваме потпишаното партнерство помеѓу Македонската алпинистичка федерација (МАФ) и Амбасадата на Р. Полска, во проектот за поставување на планинско засолниште на планината Јакупица, под карпестиот амфитеатар на Солунска Глава.


Веруваме дека овој објект во голема мера ќе допринесе за безбедноста на странските и домашните вљубеници во природата и планинските спортови, кои во се’ поголем број ја посетуваат оваа планина – како за алпинистите, кои го истражуваат овој импозантен локалитет, но така и за планинарите, на кои со ова засолниште и маркираната и обезбедена патека ќе им се отвори можност, безбедно да уживаат во срцето на една моќна планинска средина.
Засолништето ќе биде именувано во сеќавање на големата полска алпинистка, Ванда Руткиевич, која пред точно 25 години, во 1992 година, загина во обид за искачување на Кангченџунга (8586м).
Договорот за соработка беше потпишан денес од страна на Амбасадорот на Р. Полска, Јацек Мултановски и Претседателот на МАФ, Игор Талевски, а проектот е реализиран во рамките на „POLISH AID“ - специјален фонд на Министерството за надворешни работи на Р. Полска.
Немаме зборови со кои можеме да ја искажеме благодарноста кон Амбасадата на Р. Полска!

 

 

Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.