Настани

Во изминатите 12 години, македонските алпинисти имаа реализирано 8 акции во Доломитите, во кои имаа учествувано 16 алпинисти и кои реализираа 26 искачувања на насоки со тежини од IV до VII-. Оваа година, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, се продолжи присуството на нашите спортисти во овие планини, кои се докажани светски алпинистички локалитети и насоки. Тимот кој замина се состоеше од 8 члена, од кои 4 беа прв пат во овие планини и беа реализирани следните искачувања:

 


20.07.2017
Искачувања на Пиц Попена Басо (2224мнв)
1. Мацорана/Адлер, IV+, 120м
од наврските: 
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ

2. Мацорана, IV, 130м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Хекуран Зеќири/Радомир Набаков


21.07.2017
-Искачување на Големата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)

Искачена насока: 3. Ласато, IV, 130м
Од наврските:
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев

-Искачување на Малата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)

Искачена насока: 4. Јужен гребен (Комичи/ Дел Торзо/Варале), IV, 150м
од наврските:
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Радомир Набаков/Хекуран Зеќири

22.07.2017
Искачување на Пиколо Лагацуои (ц. 2600мнв)
Искачена насока: 5. Виа дел Буко, IV, 250м
од наврските
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиев
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ
Радомир Набаков/ Хекуран Зеќири


23.07.2017
Искачување на Монте Аверау (2647мнв)
Насока: 6. Алвера (Алвера/Помпанин/Илинг/Аполонио), IV+, 150м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Иван Јакимовски/Елена Диновска 
Методи Чилиманов/Маја Мухиќ 
Радомир Набаков/Хекуран Зеќири


25.07.2017
Искачување на Хексенштајн (2477мнв)
Насока: 7. Јужно ребро (Кобарталдо/Пецоти), IV+, 150м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска
Маја Мухиќ/Методи Чилиманов
Хекуран Зеќири/Радомир Набаков

Искачување на Малата кула на Фалзарего (ц. 2500мнв)
Насока: Јужен гребен (Комичи/дел Торзо/Варале), IV+, 150м
од наврските
Иван Јакимовски/Елена Диновска Зарапчиева


26.07.2017
Искачување на Пунта Фиамес (2240м)
Насока: 8. Јужна страна (Виа Комуне), IV+, 400м
од наврските
Игор Талевски/Весна Талевска/Маја Мухиќ
Иван Јакимовски/Радомир Набаков 
Методи Чилиманов/Хекуран Зеќири


Со оглед на променливите временски услови и нејасни и нестабилни временски прогнози, можеме да констатираме дека според бројката на искачени насоки по човек и по повеќе од 1000 метри нов терен за најголем дел од членовите (4 од нив прв пат во Доломитите) – акцијата беше и повеќе од успешна. По овие искачувања, веќе имаме 20 различни алпинисти од 5 различни клубови кои биле селектирани и воведени во Доломитите – успешно и со реализирање на искачувања кои сме сигурни дека се одличен темел за реализација веќе и на самостојни (лични или клубски) акции и поамбициозни проекти.

Водач на акцијата
Игор Талевски – инструктор по алпинизам

 
Найти где скачать шаблоны Joomla 3.4.