Monday, 31 October 2011 10:31
Програма на собирот: качување по избор. Основна цел: дружење помеѓу алпинистите и размена на импресии и искуства после активностите реализирани за време на летниот период.
Иако овој собир требаше да се случи пред најмалку еден месец, како што и беше најавувано, сепак најмногу поради нестабилните временски услови, а земајќи го во предвид неговиот карактер, истиот беше одложуван.
Овој собир беше од комбиниран тип при што во текот на денот, во Саботата и во Неделата се качуваше по слободен избор, а во текот на попладнето и вечерта во Саботата, се одржаа состаноци и презентации. Известување за карактерот на овој „теоретски дел“ можете да погледнете во текстот подолу на овој сајт, а во овој текст ќе следува кратко известување за искачувањата.
На собирот учествуваа членови од сите алпинистички клубови при Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) и во текот на двата дена беа направени 18 искачувања, при што беа искачени 12 различни насоки. Во периодите кога се качуваше активни беа 16 алпинисти при што, 8 алпинисти искачија најмалку една насока која беше нова за нив. Преглед на искачувањата по наврски:
29.10.2011 (Сабота)
4 клина
Зоран Мајсторски / Гоце Јовановски
Игор Талевски / Александар Старделов
Козина
Зоран Мајсторски / Гоце Јовановски
Фифи клин
Александар Зарапчиев / Елена Диновска
Игор Талевски / Александар Старделов
Отмар
Костантин Циривири / Димитри Димитров
Нина
Весна Талевска / Дарко Наумоски
Костантин Циривири / Димитри Димитров (горната половина од оваа насока - после симнувањето од Отмар)
Матка – лева варијанта
Весна Талевска / Дарко Наумоски
Тани
Ангел Куртелов / Ана Велкова
Пајак
Никола Андоновски / Тања Пенева
30.10.2011 (Недела)
4 клина
Весна Талевска / Ана Велкова
Панчева
Ангел Куртелов / Александар Зарапчиев
Дождовник
Зоран Мајсторски / Дејан Крле
Ветерански
Игор Талевски / Дарко Наумоски
Костантин Циривири / Виктор Хаџи-Василев
Фифи клин
Игор Талевски / Дарко Наумоски Зоран Мајсторски / Дејан Крле
Матка – десна варијанта
Костантин Циривири / Никола Андоновски
Наскоро ќе следува известување околу локацијата и програмата на следниот алпинистички собир.
Комисија за обука при МАФ

Никола Андоновски на „Матка Десна“ (фото: А.Зарапчиев)

Ана Велкова на „4 Клина“ (фото:А. Зарапчиев)
Ангел Куртелов на „Панчева“ (фото: А.Зарапчиев)
Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.
Можете да го спуштите на следниот линк.
- Правилник за работа на МАА
-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист
-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист