Искачени насоки

Првенствена на Миленков Камен

Thursday, 17 March 2011 17:53

Во текот на изминатиот викенд 12-13 Март 2011 за време на алпинистичкиот семинар, алпинистите од клубот Матка, Здравко Спасев и Крунослав Аџиевски искачија првенствена насока на Миленков Камен.

Насоката по својот вид е комбинација на мраз, снег и карпа и е со должина околу 500 метри. Тежината се движи некаде околу (WI3+ , М4) со тоа што самата состојба на снегот беше многу лавински нестабилна и критична. За нешто повеќе од 2 часа насоката беше искачена со оглед на фактот дека пристапот е цели 3 часа. Одлично постигнато време.

Насоката се простира од самиот излез од шумата по тесниот кулоар во кој овој пат се пропаѓаше доста и движењето беше далеку отежнато до првиот скок на мраз. Константно постоеше лавинска опасност низ цела насока со оглед на големите грутки снег кои ги гледавме додека се искачувавме. Стреите исто така беа преголеми, опасни, надвиснати и тешки за излез од било која насока без да се ископа дупка. 

Прочитај повеќе..

 

Нова првенствена насока на Плоча – LAILA

Wednesday, 16 March 2011 22:37

Долгото планирање и анализирање на теренот за искачувањето на новата насока му дојде редот на 13 – ти март, со ново – старите биколори кој ни ги даде Надир решивме да ја качиме новата насока. Со Гоце имавме цел да ја качиме нова насока, а за благодарност насоката ја крстивме по малата ќерка на Надир, Лела. Насоката се наога лево од Штипски на почетокот има оставено два клина за маркација.

тежината се намалува но се влегува во каминче кое е вертикално експонираноИскачувањето започна во 11 часот на почетокот доага еден разигран терен со многу мов но веднаш влегува во пречка на плоча која има тежина од 5+ според UIAA, над плочата тежината се намалува но се влегува во каминче кое е вертикално експонирано но има доста искршени блокови. Сидриштето е на 25 метри на првата тераса на дрвата кој ги има во изобилие. Во должината оставивме два клина на почетокот, има и некоја мала скриена пукнатина за поставување на чокови и френдови.



Прочитај повеќе

 

Искачување по Северната стена на врвот Вихрен

Friday, 18 February 2011 10:49

Највисокиот врв на планината Пирин се издига меѓу врвовите Кутело и Хвојнати. Јужните падини се лесно проодни и по нив поминува планинарската патека. Алпинистички објект е северната стена, висока околу 400 m, која започнува од месноста Големиот Казан. Изградена е од ситнозрнести мермери и варовник, со доста нестабилни камења. Самата стена е поделена на два дела, левиот дел, наречен За време на зимата стената е покриена со снег а на места и со мразТриаголникот, каде се наоѓаат потешките насоки, и десниот дел, наречен Фунијата. Двата дела се разделени со карактеристичен кулоар, кој минува на десниот раб на Триаголникот. Карпата е еродирана и во одделни делови има нестабилни карпести маси, кои се причина за каменопади, кои се особени изразени за време на пролетта, дождливите летни денови и есента. За време на зимата стената е покриена со снег а на места и со мраз. Северната стена на врвот Вихрен е сврзана со развојот на екстремниот алпинизам кај нашиот источен сосед. Во оваа стена качувале и македонски алпинисти, но е релативно непопуларна, а уште помалку за зимски искачувања. Првото искачување во стената се случува во 1934 година (или според некои извори 1937 год.) од страна на двајца германски алпинисти Б. Мозел и Д-р Ф. Ауер, по најлесниот десен дел на Фунијата (насоката „Фунијата – десен дел“). Ова искачување се оспорува и постојат сведоштва дека тие ја напуштиле стената надесно кон работ. По две години се прават обиди и за зимски искачувања во стената, но безуспешно.

Прочитај повеќе

 

Уште една првенствена на Патишка.

Sunday, 23 January 2011 21:35

Во петокот на 21.01.2011 после искачување на кулоарот Ипсилон на Лешница, алпинистот Крунослав Аџиевски (АК Матка) направи повторно првенствена насока. Овој пат насоката е направена во „соло“ стил на Патишка Река. Според разговорот со Круно, насоката е некаде околу 300 до 350 метри и се прекршува генерално со „Бадникова“.  Во почетокот на насоката, според Круно, стабилноста била многу мала на мразот и имало значителни протекувања на вода под него. Додека пак на излезот релативно снегот со мешавина на мраз бил прилично лавински стабилен и без стреи.

Прочитај повеќе

 

Искачен кулоарот Y(Ипсилон) на Лешница!

Friday, 21 January 2011 18:51

Само по неколкудневна пауза од качување на мраз, балансираните временски услови беа причина повеќе за искачување на кулоарот (Y, 600 метри) на Лешница. Во Новата 2011, континуирано и со огромна брзина, започнаа да се редат подвизите за алпинизмот во Македонија. Започнавме со првенствени на Патишка Река и на Миленков Камен, направивме повторувања на искачувања на некои зимски кулоари како што е кулоарот Ипсилон на Лешница. Ништо не е случајно во алпинизмот па така не е ни ова искачување. Секојдневно е следена прогноза, безброј пати се споредувани метеоролошки извештаи, анализирани се нови слоеви на снег и ветрот кој дуваше во последните неколку денови. Откако падна нова покривка во неделата на 16 Јануари, направена е цела систематизирана шема за ваков деликатен подвиг.

Лешница

Прочитај повеќе

 

Страна 1 од 2

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист