Алпинистичкиот, спортско качувачкиот локалитет "Демир Капија" се наоѓа во централниот дел од Македонија, на100км од Скопјe.Демир Капија по својот состав ја прави да биде најквалитетна кај нас На самиот автопат E-75 Скопје-Гевгелија се издигнува карпата покрај реката Вардар. Наједноставно до насоките се доаѓа од паркингот помеѓу двата тунели. Низ течението на Челевечка река има околу 10 алпинистички насоки додека овде се и најголемиот дел од спортските насоки поделени на сектори. На самиот паркинг и околу него постојат по неколку алпинистички насоки.
По течението на Челевечка река и уливањето во Вардар на само стотина метри од тунелите се движиме во десно по ферати и сајла над реката Вардар и по стотина метри доаѓаме до најпопуларните околу 25 алпинистички насоки. 300 метарските насоки нудат вистинско алпинистичко искачување Постојат и други приоди до овој дел, но тие се малку по сложени. Карпата по состав е чист варовник со одлична компактност, но на одредени делови е ронлива. Можноста за заштита во карпата е одлична, нуди користење на клинови, чокови, френдови, практично се, но повеќето од насоките се обезбедени со алпинистички клинови, а на сидриштата со експанзиони. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 100 до 300 метри.
Најдобро сместување е во шатори крај реката Вардар, а најдобар период за качување е од март до јуни и од септември до ноември.
Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.
Можете да го спуштите на следниот линк.
- Правилник за работа на МАА
-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист
-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист