Матка

Алпинистичко, спортско качувачкиот локалитет "Матка" се наоѓа во кањонот на реката Треска околу 15 км југозападно од Скопје. До Матка може да се дојде со возило и со градски автобус бр.2 и 12 до с. Сарај, а од таму со минибус бр.60. Минибусот тргнува на секои 100 мин од с. Сарај. 

Со возило се стигнува до паркингот над кајак-стазата и од таму се продолжува до планинарскиот дом "Матка".  До него се доаѓа по уредена патека за 10 мин. од паркингот за возила односно последната автобуска постојка.  Сместување е можно во планинарскиот дом "Матка" кој е отворен преку целата година, а Матка е еден од најпристапните и уредени локалитети блиску до Скопје истиот се наоѓа на брегот на вештачкото езеро. Домот располага со околу 50 легла. Во домот има можност и за ресторанска исхрана. На Матка може и да се кампува со шатори и тоа главно на две места : во дворот над планинарскиот дом "Матка" и во дворот на манастриот Св. Никола Шишевски кој се наоѓа на спротивната страна од езерото. Кампувањето во манастирот Св. Никола Шишевски е бесплатно.

Бројот на алпинистичките насоки изнесува околу 40 со тежина од III до VII и А2 по UIAA, а должина од 150 до 200 метраАлпинистичките и спортско-качувачките насоки се наоѓаат на карпите од двете страни на кањонот во кој е изградена брана и вештачко езеро. Карпата по состав е варовник со примеси, и се карактеризира со умерена компактност, но на одредени делови е и доста ронлива. Внимавајте, на пролет има големи одрони! Алпинистичките и спортско качувачките насоки се поделени во неколку сектори : "Отмарова Карпа", "К(Клин)", "Централа", "Пиер", "Планинарски дом Матка", "Маткино Трло" и "Иглите на Матка". На Матка може да се качува преку целата година. Најдобар период за качување е од март до  јуни и од септември до ноември, што не значи дека и во зимските месеци не можете понекогаш да уживате во пријатни пролетни температури во некои сектори.

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист