Локалитети

АЛПИНИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Со оглед на тоа што Република Македонија се простира на површина каде што доминира ридско - планински рељеф, сосема е логично дека кај нас има голем број алпинистички локалитети.

За жал, само мал дел од вкупниот потенцијал е ставен во функција на алпинизмот, но со незаприливото омасовување на спортот постојано се зголемува и бројот на локалитетите каде што се изведуваат алпинистички искачувања.

Во рубриките кои следуваат во овој дел од нашата интернет страна, дадени се податоци главно за оние алпинистички локалитети кои се уредени со "in situ" осигурување или пак локалитети за кои што поседуваме систематизирани информации.

Меѓутоа стручните служби на Македонската алпинистичка федерација стојат на располагање за помош со информации и за алпинистичките локалитети кои не се дел од објавените рубрики, а во кои што се изведуваат алпинистички искачувања.

Регионалните клубови и Комисијата за уредување на алпинистичките локалитети ви стојат на располагање за да добиете најнови информации за моменталната состојба во нашите карпи.

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист