Последниот собир во 2011 година

За време на викендот 24-25 декември, во Скопје се одржа алпинистички собир, чија програма беше качување по слободен избор на Матка (во текот на денот во Сабота и Недела) и работна средба со сите членови на Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) – во Саботата вечер во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Со оглед на тоа што ова беше последен викенд во оваа година која изминува, најважен дел од овој собир беше токму состанокот кој беше организиран со цел Управниот одбор (УО) на МАФ со сите членови, алпинисти од сите клубови при МАФ заедно, да се потсетат на сработеното во оваа година (реализирани активности, собири, акции и сл.), но и да се претстават последните работни и организациски активности.

 

Сите членови, алпинисти на МАФ од страна на УО беа запознаени со:

-новата организациска поставеност на МАФ и начинот на фукнционирање;
-категоризацијата на спортисти испратена од МАФ до Агенцијата за млади и спорт во која се претставуваат условите според кои, кои искачувања би ги дефинирале алпинистите како спортисти од државна, меѓународна и светска категорија;
-следните планирани активности во 2012 година: беше претставена програмата за работа за следната година, од која посебно внимание се обрна на првите акции и собири во домашните локалитети (собири за качување и едукациски семинари и испитни активности за соодветни звања во втората половина од февруари), но и искачувања во локалитети надвор од Р. Македонија (качување на мраз во Малтатал, Австрија и качување на карпа во Пакленица, Хрватска);
-следни организациски активности на МАФ кои ќе се случуваат веќе во втората половина на јануари и сл.
Според наше мислење, собирот помина успешно и се надеваме дека ентузијазмот кој силно се чувствуваше од заедничката работа во текот на целата оваа година, уште посилно ќе се пренесе и во следната и им посакуваме на сите наши колеги многу успех и радост во планините во 2012 година!


Комисија за обука при МАФ

 

 

 

 

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист