Tuesday, 15 November 2011 21:23
На 13-ти ноември (Недела) на алпинистичкиот локалитет во близината на градот Демир Капија се одржа еднодневен алпинистички собир. Иако истиот беше планиран да се одржи во текот на двата дена од викендот, сепак поради нестабилни временски услови во Саботата, а земајќи го во предвид карактерот на собирот (присуство на разни категории на алпинисти) – истиот беше презакажан за само еден ден.
Сепак и тој ден беше одлично искористен. На него учествуваа 14 алпинисти, претставници на 5 клуба при Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) и при тоа беа направени искачувања на 6 различни насоки. Од присутните, петмина прв пат имаа можност да качуваат на овој локалитет при тоа поминувајќи и по две долги насоки, а други двајца искачија за нив до тогаш неискачена насока.
Искачувањата на насоки - по наврски:
„Б2“
Тања Пенева / Крунослав Аџиевски
Темјана Ефтимова / Ристе Калинов
Елена Диновска / Весна Талевска
Бобан Стојанов / Горан Самоников
„Полжав“
Никола Андоновски / Дарко Наумоски
Тања Пенева / Крунослав Аџиевски
„Тулумба“
Елена Диновска / Весна Талевска
Никола Андоноски / Дарко Наумоски
Никола Андоновски / Александар Зарапчиев
„Влатчева“
Ангел Куртелов / Димитри Димитров
„Гавран“
Александар Зарапчиев / Игор Талевски
„Блажева“
Темјана Ефтимова / Игор Талевски
Собирите во континуитет им овозможуваат на сите членови да качуваат во нови локалитети и нови насоки и тоа е секако големо искуство, но и голема инспирација за сите нив.
Комисија за обука при МАФ
Александар Зарапчиев на „Гавран“
Темјана Ефтимова на „Блажева“
Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.
Можете да го спуштите на следниот линк.
- Правилник за работа на МАА
-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист
-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист