Алпинистички собир 29 и 30 Октомври 2011 година

Наредниот викенд ќе се одржи алпинистички собир кој ќе биде од комбиниран тип, ќе има качување, а во Сабота во попладневните и вечерните часови ќе се одржат предавања и презентации.

Качувачките активности ќе се одвиваат на Матка, а теоретските предавања, презентации и дискусии, ќе бидат во Скопје, во основното училиште Вера Циривири - Трена, во Сабота од 16.00 до 20.00 часот.

Во продолжение следува програмата за собирот:

Сабота, 29 Октомври

 

Матка

09 - 14 часот - Алпинистички искачувања на Матка
14 - 16 часот - Пауза за ручек

Скопје, ОУ Вера Циривири - Трена

16.00 - 17.00 часот - Презентација под наслов ‘‘За стилот‘‘ од страна на Игор Талевски
17.00 - 19.00 часот - Алпинистички состанок на кој можат да учествуваат само регистрирани членови на Македонската алпинистичка федерација;
19.00 - 20.00 часот - Презентација од кадровската акција во Доломити

Во Сабота во вечерните часови ќе се одржи и состанок на управниот одбор на Македонската алпинистичка федерација на кој што ќе се дискутира за идните активности, а ќе биде дефинирана и програмата за работа за 2012 година.

Недела, 30 Октомври
Матка

09.00 - 16.00 часот - Качување по избор

Право на учество на собирот имаат регистрирани членови на федерацијата со уредно осигурување и лекарско уверение за занимавање со спортска дејност. Задолжително е почитување на одредбите од алпинистичкиот правилник за работа и користење комплетна алпинистичка опрема соодветна за планираната активност.

Дополнителни информации може да се добијат во Македонската алпинистичка федерација.

Скопје, 26.10.2011 година
Македонска Алпинистичка Федерација
Претседател: Костантин Циривири

 

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист