Димитри Димитров АК Патагонија
Ангел Куртелов АК Патагонија
Виктор Хаџи Василев АК Матка
Александар Зарапчиев АК Шри Чинмој
Македонска Алпинистичка Федерација
22 08 2011
PIZZ POPENA BASSO 2224m East Face “Mazzorana/Adler” IV+ 120mH 4 должини
PIZZ POPENA BASSO 2224m East Face “Mazzorana” IV 130mH 4 должини
двете насоки ги качивме двете наврски, Виктор-Александар, Мите-Ангел
23 08 2011
PUNTA FIAMES 2240m South Face “Via Commune” (Dimai) IV+ 400mH 15 должини
качена од Мите-Ангел
PUNTA FIAMES 2240m South Face “Fiames Arete” (Jori) V 400mH 15 должини
качена од Виктор-Александар
24 08 2011
-Одмор
25 08 2011
CINQUE TORRE 2308m (Dibona/Apollonio/Stefani)Torre Brancio, North-West Corner, IV качена од Виктор-Александар
CINQUE TORRE 2308m Torre Brancio. North Face “Dibona” , IV качена од Мите-Ангел
CINQUE TORRE 2361m South Summit, “Via Miriam”. V+
качена од двете наврски, Виктор-Александар, Мите-Ангел
26 08 2011
PICCOLA LAGAZUOI 2778m South-West Face “Via del Buco” IV 250 mH 10 должини
Качена од Виктор-Александар
HEXENSTEIN (Sass di Stria) 2477m South Rib (Cobertaldo/Pezzotti) IV+ 150 Mh 6 должини
качена од Мите-Ангел
27 08 2011
-Одмор
28 08 2011
THIRD SELLA TOWER 2688m West Face, “Vinatzer” (Vinatzer/Peristi) V+ 300mH 13 должини качена од Виктор-Алекснадар
PIZZ CIAVAZES 2828m South Face, “Little Micheluzzi” (Micheluzzi/Rogers/Slocovich) IV+ 8 должини качена од Мите-Ангел

Како што имавме најава кон почетокот на летото, дека ќе има организирана акција од страна на Македонска Алпинистичка Федерација, на 21 август во недела тргнавме кон Доломити.
Виктор ХаџиВасилев, Ангел Куртелов, Димитар Димитров и јас, Александар Зарапчиев. Скопје, Белград, Загреб, Љубљана, Трст... Кортина Ди Ампеца, речиси 18 часа пат, две паузи, генерално тежок пат. Стигнавме околу 23 и кампувавме во камп, од каде што утрото рано се упативме кон Пиц Попена, каде што и двете не многу долги насоки, ги одбравме да ни бидат вовед и загревање во Доломитската карпа.
Две (IV) четворки оцени, “Мацорана/Адлер” IV+ 120м, 4должини и “Мацорана” IV 130м, 4должини кои веднаш ни покажаа дека, нема доволно клинови (иако баш овие две беа едни од најоклинчените воопшто од тие што ги качувавме во текот на нашиот престој таму), ронливоста е битен фактор за предпазливост, и најбитното, дури и најкратките насоки веднаш ни покажаа дека ориентацијата во карпа ќе биде нешто на кое ќе се внимава најмногу. Лесно поминавме на двете, со насмевка на лицето за нашето прво качување таму, и по едно германско пиво во рака (подарок од една германска наврска со која ги делевме двете насоки, го завршивме денот. Бивак на една прекрасна пољана покрај река, и следниот ден се одлучивме за врвот Пунта Фиамес, и двете насоки под него.
Грандиозна голема капра со форма на шпиц во неговиот сам завршеток, карпа каква што сите си замислуваме дека треба да изгледа. Пристап од речиси 2:30 часа, одприлика неколку должини со оцена III до самиот старт по доста експониран и ронлив терен, веројатно најтоплиот ден во целото патување ... имаше челични алки на сидриштата, и во просек во целата насока ... беа најавите за нашето качување тој ден. После речиси 30 мин разгледување конечно го најдовме почетокот на насоката, тргнавме Виктор и јас на “Фиамес Арете” (Јори) V 400м 15должини а Мите и Ангел после нас на “Виа Комуна” (Димаи) IV+ 400м 15должини. Некако карпата си ја поделивме на три дела, можеби поради логиката од 3х5 должини, реалната тежина на истите три дела кои се разликуваа со редослед, најлесна кон потешка. И можеби континуитетот на линијата која фаќаше “кривини”. Првиот таков дел заврши на една поширока полица со поминати дожини со оцени IV и нешто делови III. Мислам дека низ целото патување заклучивме дека токму деловите со оцена III ни се најнепосакуваните, не поради фактот дека се помалку атрактивни од оние со оцена V, туку едноставно таму не демнеееше опасност цело време, никакво осигурување, ронливост, и дел каде што веројатно природно концентрацијата самата си паѓа на помало ниво. Ми се чини дека тоа беа најдолгите качувања. На таа тераса ние тргнавме во траверс лево 60 м, Мите и Англе во Десно нешто помалку. Тука почна вориот дел, и можеби вистинското качување, крвта почна да врие малку повеќе, скицата со насоката почнавме да ја гледаме се почесто и почесто, и акцијата почна J. Имаше челични алки на сидриштата, и во просек во целата насока по еден клин во должина, целото обезбедување беше покриено со френдови и чокови. Тој стил на качување не следеше до самиот крај на Доломитите.
Ова беше мое прво искуство на толкава висина, како и на толкава насока. Буквално каде и да погледневме околу нас имаше само карпа со горе доле сличен терен. Секој поглед наоколу, здивземачки момент! Качувањето на таа карпа беше едно прекрасно искуство, еден преубав вовед во качувањето ... заокруживме еден прекрасен ден, убаво и силно искуство во Доломитите ...долги насоки, во или близу на она што се нарекува чист стил на Доломитите. Се сеќавам дека кога после подолго време кога ќе наидевме на клин, го довикувавме тоа со доза на радост, дека ете конечно една “сигурна” точка:). Третиот дел од таа насока, или последните 5 должини, веќе не однесоа доста во десниот дел на карпата, позади и во самиот денес раб на Пунта Фиамес, веќе во сенка, веднаш во студ, но и мало освежување од тој претопол ден. Интензивни 5 должини со оцена V, малку замор и истоштеност, висината, опремата, експонираноста на делови беа причина, сепак само повеќе да уживаме зашто знаевме дека токму за тоа сме дојдени тука, барем јас мислам дека како што движевме нагоре, ентузијазмот растеше. Стигнавме на врвот каде се најдовме со Мите и Ангел, па следеа слики, честитки и пат надоле кој траше 2 30 часа по сипар со експонираност III кој ни се чинеше дека трае вечно, и заокруживме еден прекрасен ден, едно убаво и силно искуство за нас во Доломитите, по што следеше еден ден одмор.
Повторно спиевме на истото место покрај реката, и веќе во четвртокот тргнавме кон Петте Кули (CINQUE TORRE), многу популарно место. Додека бевме на врвовите на двете кули што ги качивме, одозгора ни се гледаа роеви качувачи, како мравки што итаат наоколу. После качените две насоки на една од кулите, тоа беа насоките Торе Бранчио Северно-Западниот корнер, со оцена IV, 4должини, и Торе Бранчио Северното Лице “Дибона” , оценаIV, 4должини следеше мал одмор. По кој влеговме во “Виа Мириам” оцена V 5должини, најпопуларната насока на тој комплекс. Во водичот пишуваше дека од толку качување фаќалиштата се буквално изгланцани во што и самите се уверивме. Прекрасна насока со интензивна тежина, во првата должина V+, но мене лично и во следните должини ми се чинеа такви детали, нормално, обезбедувањето беше во главно френдови и чокови. Таму и преспавме околку петте кули, прекрасно место за кампување со поглед кон повеќе врвови во далечината и зајдисонце пред нашите шатори.
Веќе во петокот се упативме кон Фалзарего преминот (Falzarego Passo) каде што за прв пат се разделивме на различни планини, сепак блиску една до друга. Виктор и јас ја качивме насоката “Виа дел Буко” IV 250 м, 10должини, а Ангел и Мите на “Хексенштајн,Јужното Ребро” IV+ 150м 6 должини. Mногу релаксирани денови, со сонце и свеж ветар. Интересна архитектура од ископани премини и тунели низ карпите, изградени од Италијанската војска во текот на Втората светска војна, во обид да го одбранат тој важен премин низ Доломитите. Тука јас и Виктор направивме нешто што ни внесе доста возбуда ... следеше возбудливо качување, барање насока и сидриште по интуиција ... низ таа насока, брзајки да не ни го фатат редот (таму редовно се чека ред за почеток на насока) застанавме во погрешен гребен. Прашавме еден навидум искусен качувач за кој подоцна се исповети дека е водич, која е оваа насока, и тој ни рече дека не е Виа дел Буко, но дека таа е близу, дека тие две се спојуваат на средишната полица после 5 или 6 должини, и дека насоката под која стоевме е многу поубава и поинтензивна/по забавна во оцената, дека тој ни ја предлага таа, вели многу логична линија, неможе да се утне. Се погледнавме со Виктор, и решивме дека ќе го послушаме и ќе влеземе во 5/6 должини непозната карпа која по “многу логична линија” би требало да не однесе на средишната полица каде што ќе се спојат насоките и ќе може да се ориентираме по нејзината скица. Како што кажа водичот така и беше, следеше возбудливо качување, барање насока и сидришта по интуиција, нормално обезбедувањето беше генерално со френд/чок и по некое импровизирано сидриште.
После полицата следеа неколку полесни должини и излез на врвот, се сеќавам дека на таа насока, последната должина од 50 м карпа/земја високо експонирана, според описот со оцена од II-III, не држеше будни повеќе него целата насока, се спремивме, сконцентриравме, и тргнавме по најнепосакуваниот терен. Лесни оцени! Место кое не сакавме никако да го сретнеме, веројатно шестки плус/минус ќе беа повеќе сакани него тој лизгав и несериозен терен.
Повторно одмор, овој пат со дожд, и половина ден поминат во спиење во шатор додека траеше дождот. Нормално после дождот следеше сонце, и планирање на следниот ден. Само што ова сонце беше со заби, и беше кочан ладно J, капа, ракавици, ѕиври и облакање јакна во вреќа.
Недела, раностанување, возење околу 60 км кон Кулите Села, преубаво место, но и мачнина за повраќање предизвикана од патот.
Со Виктор решивме да одиме на Третата Кула, на насоката "Винатзер" V+ 300 м, 13 должини. Ангел и Мите отидоа на Малиот Мичелуци, или нешто слично звучи тоа име J “Little Micheluzzi”.
Третата кула беше нешто најграндиозно што до тогаш имавме видено од блиску, прекрасен столб кој си издига високо и по малку плаши со неговата експонираност. Тој ден изгубивме речиси еден час во барање на почетокот на насоката. И сепак не го најдовме точниот влез во истата, со нетрпение и ... пукнатина во голимиот блок рамна карпа која завршува со превис, тотално забавно ... полн ентузијазам за качување, решивме да влеземе во Винатзер насока од 300 метри, оцена V+, 13 должини, на место што нас ни се чинеше најлогичното. Решивме дека како и да е, ќе се најдеме на средишната полица, која беше неминовна на таа насока. Предпоставувам дека цело време, се движевме некои 10 до 20 метри во лево. Немавме проблеми, беше веројатно најубавото, најсериозното искуство што јас и Виктор го имавме, но воедно и многу смешно, зашто тие 6/7 должини, постојано ја гледавме скицата, мислејќи дека се движиме по истата насока, па дури и “демек” ги препознававме должините во описот на скицата J. За прв пат видов што е тоа што во викаат “фингер крек” (finger crack), солидна должина од 30 м, буквално пукнатина во големиот блок рамна карпа, пукнатиан која завршуваше со таван/превис, тотално забавно, полно со адреналин. Мислевме дека тоа е тоа, ја најдовме правата линија, ја поминавме полицата, најтешкиот детал, но не беше така, следеа должини, кои што некако ни се чинеше дека траат многу повеќе него што очекувавме. Веројатно заморот си ја земаше жртвата, раце нозе болеа, изговорот мој може да биде дека едноставно секој ден станување рано, собирање шатор, патување до некое место, качување, отварање шатор, и пак истото од ново, беа причините да бидиме изморени, да решиме да биде оваа наша последна насока на Доломитите, едноставно тој ден се почуствуваме заситени. Стигнавме на врвот во 18 часот, преполни со себе и погледот што следеше наоколу. Малку еуфорија, закуска и вода.
И дојде време за одстапувањето од Третата кула, најкомплексно од сите дотогашни насоки, барање на абзел, па одстап преку високо експонирана III ... проследено со доста одрони поради конструкцијата на карпата ...патека одпењавање, па повторно абзел, па одпењавање, симнување низ сипар, па 4 последователни абзели. Не е научна фантастика, но заморот, зајдисонцето, моментот дека тоа ќе ни биде последното качување, некако не сконцентрираа до таа мера, што станавме можеби пресериозни. И двајцата не сакавме многу абзели. Решивме дека наместо одпењавањето по таа патека ќе правиме абзели на веќе поставени импровизирани сидришта, користени исто за абзели, сето тоа проследено со доста одрнони поради конструкцијата на карпата, кои не правеа многу нервозни, надевајќи се дека нема никој доле под нас, но тоа беше единствениот начин. После средишната полица, откако влеговме во кулоарот помеѓу двете кули, следеше побезбеден терен, каде што повторно се здобивме со доволно самодоверба и решивме наместо сите тие абзели, да одпењаваме и само да направиме еден последен долг и според структурата на кулоарот неопходен абзел.
Дефинитивно тоа беш тоа, стомакот ни кажа и на двајцата, без никаков договор, дека тоа ќе биде се за оваа година на Доломити, некако не скриено радосни за сите овие искуства што ги имавме таму.
Долг пат назад, камп во нашето омилено место покрај реката, огромна инстант вечера и долг сон. Плановите што првично ги имавме за во понеделник за качување на кулите на Лаваредо насоките на Пројс и Дилфер, решиме да ги прескокнеме поради замор, да ги оставиме за наредната година, зашто повеќе од несомнено беше дека тука ќе се вратиме, спремни повеќе, со уште повеќе амбиции за качување нови насоки.
Веројатно најголемата придобивка е качувањето голема карпа и ориентација во неа, користењето френдови и чокови, проценката што да направиме следно, каде да одиме, што да се искористи, па и самиот напор на отварање затварање шатор секој ден, рационално користење на храна, вода, нешто што можеби малку од малку не спреми и доближи до некоја посериозна наредна експедиција.
Едно сум сигурен, дека тоа што го стекнавме, ќе се обидеме колку што можеме да го материјализираме тука во некоја акција низ Македонија и околината, барем такви планови паднаа меѓу нас.
И секако, благодарни до Македонската Алпинистичка Федерација за ова искуство која таа ни го овозможи, кое не внесе во светот на качувањето на едно друго, ново, сосема повисоко ниво.
Повеќе фотографии овде
Александар Зарапчиев АК Шри Чинмој
Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.
Можете да го спуштите на следниот линк.
- Правилник за работа на МАА
-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист
-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист