Активности

АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНСКАТА АЛПИНИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА Активностите на Македонската алпинистичка федерација се насочени во неколку области. Тие се:

1. Организирање на институционален алпинизам со препознатлив општествен и спортски идентитет.

2. Обука на стручни лица за сите нивоа на алпинистичките називи, со основна цел следење и почитување на строгите светски стандарди. Обуката се спроведува преку алпинистички училишта кои се организираат од страна на федерацијата и клубовите за алпинизам, како и преку курсеви и семинари кои се спроведуваат во рамките на алпинистичките собири од државен и меѓународен карактер.

3. Уредување на алпинистичките локалитети во Република Македонија. Во рамките на Македонската алпинистичка федерација постои Комисија за уредување на домашните алпинистички локалитети.

4. Издавање стручна литература од образовен и информативен карактер. Во тек е подготовка на учебник за алпинизам, како и водич во печатена и електронска форма за алпинистичките локалитети во Република Македонија.

5. Организирање алпинистички акции и експедиции во домашните локалитети и планинските масиви низ светот. Согласно со своите финансиски можности, Македонската алпинистичка федерација организира или помага алпинистички акции во Македонија или во планинските масиви низ светот.

Тековни активности


Во периодот Мај - Јуни 2011 година ќе бидат организирани следниве активности:

Април 2011, Алпинистички локалитет ‘‘Плоча‘‘:

Алпинистички собир и полагање испити за алпинистички називи.

Април - Јуни 2011, Алпинистички локалитет ‘‘Матка‘‘:

Уредување на алпинистичкиот локалитет Матка со чистење на пристапните патеки, чистење на насоките од вегетација и ронливи делови, како и ревизија на алпинистичките клинови.

Мај 2011, Алпинистички локалитет Враца, Република Бугарија:

Организирање акција за реализација на алпинистички искачувања.

Мај 2011, Алпинистички локалитет Матка:

Традиционален алпинистички собир посветен на великаните на македонскиот алпинизам.

Јуни 2011, Алпинистички локалитет Солунска Глава:

Организирање алпинистички собир.

Правилник на МАA

Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.

Можете да го спуштите на следниот линк. 

- Правилник за работа на МАА

Преземање на пријави за полагање:


-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист

-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист