Wednesday, 09 May 2012 10:02
Во текот на наредниот викенд, Сабота и Недела - 12 и 13 Мај, на Матка ќе се одржи традиционалниот меморијален алпинистички собир посветен на великаните на Македонскиот Алпинизам.
Оваа година, собирот ќе има меѓународен карактер бидејки е најавено учество на алпинисти од земјите од регионот.
Официјалната програма ќе започне во Сабота наутро, меѓутоа неофицијално, активностите ќе се одвиваат од Четврток, за кога се очекува пристигнувањето на првите алпинисти од странство, до Недела попладне.
Во основа собирот ќе се спроведува според неформална програма, која во текот на денот ќе се состои од качување по избор во долги и кратки насоки, а во вечерните часови ќе бидат организирани проекции и дискусии на одредени теми од областа на алпинизмот.
Како што беше најавено, во Средата на 7 Март 2011 година, се одржа јавна презентација на активностите на Македонската Алпинистичка Федерација, и беа доделени наградите за најуспешните во Македонскиот Алпинизам во 2011 година.
Од оваа година Македонската Алпинистичка Федерација започна со доделување награди за најуспешните алпинисти и клубови. Наградата го носи името на Јован Ангелов - Циго, таткото на современиот Македонски Алпинизам.
За време на скромната свеченост беа изведени неколку видео проекции преку кои беа прикажани активностите на Македонската Алпинистичка Федерација во текот на 2011 и 2012 година, а за прв пат беше прикажан и краток фото материјал за Јован Ангелов - Циго.
Во продолжение следува преглед на наградените алпинисти и клубови по категории.
Во Среда на 7 Март 2012 година, со почеток во 19.00 часот, во амфитеатарот број 1 во зградата на Институтите при Медицинскиот Факултет во Скопје, ќе се одржи свечена промоција за доделување награди и признанија за најуспешните Македонски Алпинисти во 2011 година, како и презентација на програмата за работа на федерацијата за тековната 2012 година.
Од оваа година Македонската Алпинистичка Федерација започнува со доделување признанија за најуспешните македонски алпинисти и клубови, која го носи името на Јован Ангелов - Циго, доајенот на современиот македонски алпинизам.
Во рамките на свеченоста ќе се изврши и презентација на последната алпинистичка акција реализирана од членови на федерацијата, во месец Февруари 2012 година, во алпинистичкиот локалитет Малта во Австрија.
Согласно програмата за работа на Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) за 2012 година, следна акција која ќе се реализира надвор од Р. Македонија е акцијата во Пакленица, во Р. Хрватска.Истата ќе се одржи во периодот од 28-ми април до 6-ти мај.Се повикуваат сите членови на клубовите при МАФ, да се пријават за оваа акција најдоцна до 2-ри март (Петок) во Комисијата за обука: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .
Monday, 20 February 2012 18:20
Пред неколку дена од Австрија се вратија членовите на Македонската алпинистичка федерација, кои имаа за цел да направат искачувања на мразевите во областа Малта Каринтија.
Во акцијата учествуваа шест членови: Ристе Калинов, Крунослав Аџиевски, Илија Циривири, Здравко Спасев, Владимир Цветкоски и Жикица Ивановски. Акцијата е дел од програмата за работа на Македонската Алпинистичка Федерација за 2012 година.
Беше најавена од комисијата за обука пред извесен период и се изведе во вкупно времетрање од 7 дена.
Целта на акцијата беше запознавање на локалитетот, искачување на алпинистички насоки и стекнување искуство во странски алпинистички центри.
Се повикуваат сите членови на клубовите при Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ), да се пријават за полагање на испит за соодветен алпинистички назив, на работен собир кој за таа цел ќе се одржи во еден од последните викенди во февруари. Точниот период и местото на одржување на овој собир ќе се одредат по пријавувањето, кога ќе се утврдат категориите за кои кои ќе полага и бројот на кандидати. Се молат сите заинтересирани членови, најдоцна до 15-ти јануари да се пријават во Комисијата за обука: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Страна 1 од 7
Текстот на правилникот е во процес на преработка заради усогласување со меѓународни стандарди. Конечната верзија ќе биде во функција од месец Мај 2011 година.
Можете да го спуштите на следниот линк.
- Правилник за работа на МАА
-Пријава за полагање на алпинистички назив Аспирант за Алпинист
-Пријава за полагање на алпинистички назив Алпинист